Повеќе пати можевме да прочитаме дека со iPhone 14 Pro моделите Apple кончено ќе ја воведе една од најбараните функции кај нивниот смартфон, „always on“ екранот. Оваа функција нема потреба од објаснување, а истата е веќе одамна достапна кај Android конкурентите.

Марк Гурман од Bloomberg, кој најчесто има точни информации, најавува дека iPhone 14 Pro моделите дефинитивно ќе ја добијат оваа функција и истата е поврзана со новиот „заклучен екран“ кој беше претставен со iOS 16.

Новата верзија од iOS донесува повеќе нови можности за прилагодување на екранот кога е заклучен телефонот, а една од поголемите новини е можноста за поставување на „виџети“ кои се слични како тие кај Apple Watch. Некои овие нови виџети ги нарекуваат „complications“ за iPhone (така се нарекуваат виџетите кај Apple Watch).

Според Гурман, овие виџети ќе може да се гледаат и на always on екранот, што значи дека корисниците ќе можат да видат доста информации без воопшто да го чепнат телефонот.

Главната причина поради која Apple чекаше до сега да ја воведе оваа функција најверојатно е поврзана со две работи. Едната е новиот „заклучен екран“, со што се добива можноста за посебно прилагодување на always on екранот, додека втората е LPTO екранот кој оваа година треба да овозможи намалување на стапката на освежување до 1 херц.

На овој начин, односно намалување на светлината на екранот и стапката на освежување, ќе се овозможи минимално трошење на батеријата од информациите кои би се прикажувале цело време на екранот.

iPhone 14 ќе бидат претставени оваа есен, стандардно до крајот на септември, па тогаш и ќе видиме дали овие информации се точни, како и повеќе детели околу нив ако се.

ИЗВОРMacRumors
Претходна статијаBrave Search излезе од бета фазата на годишнината од претставувањето со најава на нови функции за пребарување
Следна статијаЖивотот е полесен кога имате асистент на кој секогаш можете да се потпрете
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.