Шенжен / Дизелдорф, 26 септември 2022 година – vivo официјално го објави своето надградување на серијата  смартфони на преклопување X Fold+. Следејќи ги дизајнерските стапки на својот претходник, овој паметен телефон продолжува да користи алуминиум и сега се одликува со мобилната платформа Qualcomm Snapdragon 8+, прилагоден безбедносен чип, како и подобрено корисничко искуство со батеријата и камерата. Покрај веќе постоечките сина и сива, X Fold+ ја воведува и впечатливата црвена боја.

Подобрени „паметни телефони“ и побрзо полнење

Надоврзувајќи се на претходната генерација, X Fold+ сега ја носи мобилната платформа Qualcomm Snapdragon 8+, комбинирана со прилагоден безбедносен чип vivo. Чипсетот содржи процес од 4 нанометри, има подобрени перформанси и помала потрошувачка на енергија. Кога станува збор за траењето на батеријата, vivo го зголеми капацитетот на батеријата на X Fold+ на 4730 mAh, без притоа да ја зголеми големината и тежината на уредот, што според тестовите во лабораториите на vivo, го подобрува целосното траење на батеријата со повеќе од 20 %.

Покрај воведување на батерија со поголем капацитет, X Fold+ сега исто така се полни побрзо во споредба со неговиот претходник, бидејќи има жичен 80W и безжичен vivo FlashCharge од 50W, во споредба со европскиот предводник vivo X80 Pro. Ова овозможува жичано полнење од 1 до 70 % капацитет на батеријата за само 18 минути, а целосното полнење е за 35 минути. Безжичната технологија vivo FlashCharge му овозможува на овој телефон да се наполни од целосно испразнета батерија до целосно полна, за само 53 минути.

Покрај тоа, X Fold+ се испорачува со ексклузивен двоен USB-C полнач со галиум нитрид како стандард, што овозможува полнење на повеќе уреди во различни прилики.

Екран од 120 Hz, внатре и надвор

X Fold+ го подобрува корисничкото искуство со екранот на преклопување со двата негови дисплеи – надворешниот и внатрешниот – притоа поддржувајќи refresh rates од 120 Hz. Внатрешниот екран од 8 инчи, со резолуција од 2160 x 1916, ја добива оваа надградба, овозможувајќи постојано визуелно корисничко искуство при префрлање помеѓу внатрешниот и надворешниот екран, како и создавање појасни слики при преминувањето од една во друга апликација, играње игри или прикажување видеа со висока резолуција.

Вреди да се напомене дека vivo X Fold+ е опремен со 3D ултразвучни читачи за отпечатоци и на внатрешниот и на надворешниот екран, со поголема брзина на отклучување, поголема безбедност, како и поголема употребливост без оглед на условите на околината.

Конечно, големиот внатрешен дисплеј нуди подобрено гледање на поделен екран за подобра ефикасност. Ова значи дека потрошувачите можат да отворат до два прозорци во преден план и да поддржуваат четири апликации во исто време со двојни прозорци на поделениот екран и до 12 прозорци во заднина. vivo X Fold+ го поддржува таканаречениот Speaker Mode, каде што долниот дел од екранот може да прикажува белешки, а горниот дел може да прикажува PowerPoint презентација, така што потрошувачите можат безжично да ја пресликаат содржината на презентацијата на поголем екран.

Фотографирање како предводникот на vivo, во ко-инженеринг со ZEISS

Кога станува збор за фотографирањето, vivo X Fold+ ги носи подобрените сензори на камерата како резултат на глобалното партнерство за сликање на vivo со ZEISS. Ова вклучува оптимизации на сегашната оптика, особено кога станува збор за подобрена големина на објективот опремена со препознатливата облога ZEISS T* која го намалува отсјајот и ја подобрува транзицијата на видливата светлина, што резултира со подобрен квалитет на сликата и прецизност на репродукцијата на боите. Оптиката сега вклучува поставување focal length quad camera setup, додавајќи перископска камера со 5x оптички и 60x дигитален зум, со оптичка стабилизација на сликата.

X Fold+ има камера и на внатрешниот и на надворешниот дисплеј, така што потрошувачите можат да фотографираат селфи со помош на главната камера, која нуди подобра резолуција, чувствителност на светлина и видно поле што ги прави селфињата уште попривлечни.

Балансиран дизајн и нова ориентална црвена боја

X Fold+ ги следи дизајнерските стапки на неговиот претходник. Ова вклучува квадратни и кружни форми, што го прави многу уникатен уред во оваа категорија.

Покрај свежите сина и сива боја, X Fold+ додава карактеристична црвена нијанса. vivo за време на презентацијата истакна, дека овој уред се лансира како уред достапен само за на кинескиот пазар.

Претходна статијаКолкави плати земаат програмерите во Македонија? Порталот IT.mk ги објави резултатите од анкетата
Следна статијаMicrosoft конечно ја проширува поддршката за Android апликации на Windows 11 во повеќе земји
0 0 votes
Article Rating
Subscribe
Notify of
guest

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

0 Comments
Inline Feedbacks
View all comments