USB Type-C стандардот донесе неколку промени во однос на претходните USB стандарди, од кој најзначаен е тоа што приклучокот е симетричен, односно не може да погрешите при неговото внесување.
Сепак и покрај тоа што ова го прави неговото користење многу полесно, USB Type-C се уште не е стандардизиран и има неколку различни кабли и приклучоци, кои доколку ги погрешите, можат буквално да го изгорат вашиот уред.
Ова особено многу пати им се има случено на корисниците кои имаат купено евтини USB Type-C кабли и полначи од интернет. И покрај тоа што кабелот без проблем влегува во уредот, неговата спецификација не е иста со онаа од уредот и доаѓа со најразлични проблеми.
USB-IF ќе се обиде да го промени ова. Имено, се работи за еден вид на софтвер, кој ќе може да препознае каков кабел е приклучен во уредот и дали пасуваат еден со друг. За да пасува, кабелот мора да има посебна 128-битна енкрипција, која ја праќа до уредот во моментот на вклучување и потоа се дозволува проток на струја или информации.
USB-IF ќе може да се вгради во уредите преку софтверска надградба, но производителите на кабли ќе мора одново да ги дизајнираат и да ги вградат потребните промени. Стандардот работи и за USB Type-C приклучоците кои овозможуваат само полнење на уредот, како и за оние кои се наменети за пренос на податоци.
Овој софтвер може да се искористи и за заштита од малициозен софтвер при приклучувањето на уредот, бидејќи може да се конфигурира да не им дозволува на каблите односно USB стиковите без посебен сертификат да влезат во системот. Ова е особено значајно за компании, кои лесно ќе може да ограничат користење на надворешни USB Type-C уреди, како на пример стикови на вработените.
USB-IF заштитата веќе е надградена на 3.0 верзијата и сега останува само на производителите да почнат да го вградуваат овој стандард во своите уреди – било преку надградба или во новите модели.
Извор: ARS Technica, Engadget, USB