Фото: Samsung

Скопје, 18.08.2025 – Samsung Electronics го најавува лансирањето на долгоочекуваната „Back to School“ промоција, која трае од 18 август 2025 до 31 август 2025. Оваа ексклузивна кампања ја одбележува новата учебна година со тоа што им нуди на клиентите совршена комбинација од иновација и вредност преку ТВ линијата на Samsung за 2025 година и таблети за подароци.

Клиентите кои ќе купат избрани Neo QLED 8K, Neo QLED 4K и OLED телевизори од 75 инчи или поголеми, ќе добијат Galaxy Tab S10 FE, додека оние кои ќе купат Neo QLED 4K, QLED телевизори, The Frame и The Frame Pro од 65 инчи или поголеми, ќе добијат Galaxy Tab A9+, исто така при купување на Neo QLED 8K и OLED телевизори од 65 инчи.

Поттик за учење и подобрување на животниот стил со Samsung

Додека семејствата се подготвуваат за новата учебна година, Samsung е посветен на тоа да им овозможи поддршка на студентите, професионалците и љубителите на технологијата. Овие таблети се повеќе од подарок – тие се клучни алатки за академски успех, професионална продуктивност и импресивна забава. Со купување на селектирани Samsung телевизори, ќе добиете таблет на подарок – пренослив и моќен уред за истражување, соработка, забава, игри и креативност. Galaxy Tab S10 FE и Galaxy Tab A9+ се дизајнирани за поттикнување на учењето, нудејќи непречен пристап до онлајн ресурси, алатки за домашни задачи и едукативни апликации.

Екосистемот SmartThings: Непрекината поврзаност меѓу уредите

Синергијата помеѓу Samsung телевизорите и таблетите ја овозможува екосистемот SmartThings, кој нуди лесно споделување на екран и непречена интеграција на AI-управувани функции. Со SmartThings, можете да создадете AI-управуван дом кој го прави животот поудобен за вас и се грижи за вашите најблиски. Без разлика дали станува збор за пристап до информации за домаќинството во реално време или уживање во персонализирана содржина преку Vision AI, екосистемот на Samsung обезбедува кохерентно и интуитивно корисничко искуство.

Флегшиш модели како Neo QLED 8K, со процесорот NQ8 AI Gen3, нудат задивувачка 8K резолуција и импресивен звук. За оние кои бараат разновидност, QLED и OLED сериите нудат исклучителна прецизност на боите и контраст. Благодарение на Quantum Dot технологијата, боите на Samsung QLED телевизорите се поинтензивни и почисти. Покрај тоа, тие се без кадмиум и имаат TUV сертификација за ниска емисија на сина светлина, па корисниците можат да уживаат во омилената содржина без грижа.

Фото: Samsung

Искусете ја иднината на паметното живеење со Samsung

„Back to School“ промоцијата на Samsung е повеќе од обична продажба — тоа е можност да го подигнете вашиот стил на живеење со најсовремена технологија и ексклузивни понуди. Оваа сезона на враќање на училиште, купете Samsung телевизор и добијте бесплатен таблет. Нурнете во најсовремена технологија со живописни визуелизации и паметни функции, додека таблетот служи како пренослив портал за апликации, игри и непречена поврзаност.

Како дополнителен бонус е и промоцијата за дополнителни 3 години гаранција за секој купен телевизор од 55 инчи или поголем. Со ова промоција добивате вкупно 5 години гаранција (2 години редовна + 3 години дополнителна гаранција) на вашиот нов Samsung телевизор.  

Претходна статијаOpenAI го прилагоди GPT-5 моделот по реакциите на корисниците
Следна статијаЗамислата на Apple за иднината со вештачка интелигенција е поразлична од таа на Microsoft