Фото: Nothing

Nothing го претстави нивниот трет паметен часовник под брендот CMF, кој е бренд претставен од компанијата во 2023, иако и главниот бренд е прилично нов. Под CMF се претставуваат уште поевтини производи кои се препознатливи по уникатниот дизајн карактеристичен за Nothing. 

CMF Watch 3 Pro го продолжува интересниот стил на компанијата со изглед кој потсетува на класичен часовник и со портокалово ремче како боите на брендот. 

Како и за сите паметни часовници, се истакнуваат можностите за мерење на работи како пулс, спиење, кислород во крвта, чекори, како и повеќе видови на вежби. 

CMF Watch 3 Pro доаѓа со 1,43 инчен AMOLED екран со резолуција од 466 на 466 пиксели со што се добива нивна густина од 326 пиксели на инч, како и стапка на освежување до 60 херци. 

Батеријата е со капацитет од 350 mAh, а се полни за 99 минути, но тука доаѓа до израз видот на часовник со траењето на батеријата според Nothing. 

Од компанијата истакнуваат дека CMF Watch 3 Pro може да издржи до 13 денови нормално користење, односно 10 со поактивно користење, додека таа бројка паѓа на 4,5 денови доколку корисникот активно го користи часовник и го вклучи „always on“ екранот. 

Од Nothing посебно ја истакнуваат нивната Nothing X апликација за прилагодување на часовникот, а од тоа што може да се види, истата овозможува доста голема „персонализација“, типично за компанијата. 

Овој часовник има цена од околу 115 евра. 

ИЗВОРNothing
Претходна статијаMicrosoft Office апликациите инсталирани преку продавницата за апликации на Windows веќе нема да бидат поддржани
Следна статијаЕМОФ Скопје 2025 со врвна организација, рекорден број спортови и светски и европски рекорди
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.