Juice pack H2PRO е футрола наменета за iPhone 6 достапна за пред нарачка од страна на Mophie. Ова е компанија која што е позната по производство на футроли за производите од Apple, а достапни се и за други модели.
Најновата нивна футрола моментално е достапна за пред нарачка и чини 130 долари. Она што ја разликува од другите е целосната водоотпорност и издржливост од падови.
H2PRO е сертифицирана за водоотпорност со IP68 ознака, што значи дека може да овозможи заштита за телефонот до 1,2 метри во вода до половина час. Исто така, футролата е тестирана за падови од поголема висина, поточно од 1,2 метри и овозможува целосна заштита на телефонот.
Футролата покрај својата заштитна функција, која што во овој случај е повеќе од обичните, вклучува и вградена батерија со капацитет од 2,750mAh, што овозможува дополнително целосно полнење на батеријата на телефонот.
Се разбира, секој додаток што додава дополнителна батерија и ваков вид на заштита значително ќе ја зголеми габаритноста на тенкиот телефон. Сепак, телефоните во денешно време се прават се потенки, па футролата колку и да додаде на неговата големина, уредот пак ќе биде прилично тенок во споредба со старите модели.
Извор: Mophie