Скопје, 8. октомври – Samsung Electronics претставува ексклузивна промоција што ви овозможува без компромиси да ги испробате исклучителните перформанси и напредната технологија на правосмукалките. Во рамките на акцијата „100 дена за да се уверите 100%“, можете да ги тестирате одбраните безжични правосмукалки дури 100 дена. Доколку не бидете целосно задоволни, можете едноставно да ја вратите правосмукалката – без никакви трошоци.
Оваа единствена можност ви овозможува самите да се уверите во ефикасноста и интелигентното чистење што ги нудат правосмукалките на Samsung – особено моделот Bespoke AI Jet Ultra, наменет за корисници кои бараат совршен спој на моќ, дизајн и паметни функции
Интелигентно чистење што ги надминува очекувањата
Bespoke AI Jet Ultra е синоним за врвна моќ и напредна автоматизација. Благодарение на моќната вшмукувачка сила од 400 W и интелигентниот AI систем, кој автоматски ја препознава површината и ја приспособува силата на вшмукување, обезбедува беспрекорна чистота во секој агол од домот.

Вградената All-in-one Clean мултифункционална станица за чистење автоматски го празни садот за прашина, со што се избегнува контакт со нечистотии, додека напредниот филтер задржува до 99,999% од честичките прашина и алергени. Долготрајната батерија овозможува до 100 минути работа, што ја прави идеална и за поголеми домови, а елегантниот модуларен дизајн лесно се вклопува во секој простор.
100 дена безгрижна одлука
Со оваа нова промоција, Samsung ви овозможува целосно сигурен и безгрижен избор. Доколку во рок од 100 дена од купувањето не се уверите во врвните можности на одбраната правосмукалка, можете едноставно да ја вратите и да добиете целосен поврат на средствата. За учество е потребно уредот да се купи во периодот на траење на промоцијата и да се регистрира на официјалната страница на Samsung.
Не ја пропуштајте можноста да внесете повеќе паметна ефикасност и удобност во вашиот дом – испробајте го Bespoke AI Jet Ultra и откријте зошто овој модел станува симбол на напредното чистење на иднината.
Промоцијата „100 дена за да се уверите 100%“ трае до 31 декември 2025 година или до исцрпување на залихите. Повеќе информации за промоцијата и условите за учество се достапни на официјалната страница на Samsung.