Фото: Генерирано од Copilot

Во најновиот неделен билтен на Марк Гурман, тој го анализира претставувањето на првиот iPhone на преклоп од страна на Apple, нешто што се шпекулира со години, а сега повеќето информации го најавуваат претставувањето за крајот на идната година. 

Гурман анализата ја насочува кон заклучокот дека претставувањето на овој iPhone ќе биде направено во досега најмалку карактеристичен стил за Apple.

Со овој заклучок Гурман сака да каже дека уредот нема да донесе нешто посебно ново на пазарот, односно iPhone на преклоп ќе биде скоро ист како и останатата понуда на пазарот кој веќе со години функционира. 

Споредбата со претходните претставувања на производи покажува дека иако производите постоеле, како на пример смартфони пред првиот iPhone, сепак овој прв телефон од Apple драстично го менува стилот на овој производ и на пазарот навистина донесува нешто ново. 

Како пример за такво влијание на пазарот ги истакнува и iPod, iPad, Apple Watch и AirPods, па дури и VisionPro, иако уредот не се продава баш најдобро. 

Сепак и покрај овој заклучок, Гурман продолжува со очекувањето дека Apple во нивниот препознатлив стил на промовирање на производите ќе направи да iPhone на преклоп се продава одлично. 

Тој смета дека во првите неколку месеци од претставувањето, iPhone на преклоп ќе стане доминантниот ваков производ на пазарот, а тоа се должи на огромниот број на корисници на Apple кои сега не би купиле друг ваков уред и да се префрлат на Android. 

Популарноста на овој iPhone ќе биде добра и за останатите, па се очекува дека генерално целата категорија ќе почне да се продава подобро од сега. 

На овој заклучок треба да се додаде и фактот што ваквите уреди веќе се дојдени до ниво на развој каде реално можат да заменат телефон за повеќето корисници, па затоа и дури сега Apple влегува, односно сега тие би успеале да ги исправат голем дел од проблемите на моменталните уреди. 

Гурман како фактор за влезот на пазарот го додава и влијанието на Кина како пазар, а ваквите уреди се доста популарни во земјата, нешто што би било добро за Apple и подобрување на продажбата таму. 

ИЗВОРBloomberg
Претходна статијаOne UI 8 надградбата треба да почне да станува достапна од идниот месец
Следна статијаРеволуционерни иновации овозможени од најтенките телефони на преклоп на Samsung
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.