Уште еден уред кој беше очекуван и претставен на вчерашниот Made by Google настан е Pixel Watch 4 часовникот. Овој часовник го задржува карактеристичниот Pixel дизајн, но донесува мала промена кај екранот кој е доста уникатна. 

Google го нарекува екранот Actua 360 екран во форма на купола, форма која му овозможува 10% поголем простор за прикажување на сликата, како и 16% намалување на рамките околу него. 

Дополнително, екранот донесува 50% подобрување на светлината со 3000 нити јачина на светлото, што е одлично за гледање надвор. 

Google го донесува одличниот Material 3 Expressive дизајнот и кај часовниците, па Pixel Watch 4 ќе биде првиот кој ќе дојде со можеби досега најдобриот дизајн од компанијата. 

Од компанијата посебно го истакнуваат и траењето на батеријата кај часовникот, како и подобриот чип кој ќе овозможи побрза работа, како и подобро мерење на здравствените и фитнес активности. 

Кога сме кај здравствените мерења, како и фитнес активностите, Pixel Watch 4 донесува подобро следење на спиењето, подобрено мерење на температурата на кожата, подобрено следење на движењето, нови мерења за вежбање и повеќе. 

Нормално, Gemini доаѓа целосно кај часовниците од Google, па корисниците ќе можат да поставуваат прашања, да извршуваат активности, а вештачката интелигенција е тука и за помош при спортските активности. 

Pixel Watch 4 доаѓа во две големини, 41 и 45 милиметри, прилично стандардно, а екранот доаѓа со одлична стапка на освежување до 1 до 60 херци, нешто што помага за издржливоста на батеријата. 

ИЗВОРGoogle
Претходна статијаGoogle ја претстави третата генерација од нивниот Pixel Fold со нов механизам за преклопување и отпорност на вода
Следна статијаMicrosoft 365 Copilot апликацијата на iOS веќе нема да може да се користи за измена на документи
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.