Google објави уште една кратка реклама пред одржувањето на Made by Google настанот

Рекламата го прикажува Pixel 10 Pro Fold кој ќе биде претставен заедно со останатите уреди од серијата на 20 август

По рекламата, со која Google прикажа дел од еден од моделите од Pixel 10 серијата, преку која ги повикува корисниците на iPhone да не чекаат до пуштањето на Apple Intelligence, сега Google им уште една реклама. 

Со оваа реклама од компанијата продолжуваат со неколку годишниот стил на предвремено прикажување на нивните уреди, а сега на ред е Pixel 10 Pro Fold. Како и претходната реклама, не се открива целосно уредот, па само се добива мала претстава за што може да се очекува од аспект на дизајнот. 

Овој пат од Google не ги таргетираат директно корисниците на Apple, иако може до некаде да се најде поврзаност со фактот што од компанијата сѐ уште немаат претставено „Fold“ уред

Google официјално ќе ги претстави Pixel 10 уредите на 20 август на Made by Google настанот. 

Рекламата за Pixel 10 Pro Fold можете да ја погледнете на почетокот од статијата. 

Претходна статијаТелеком ги повикува гејмерите да се пријават за T-esport Championship со награден фонд од 100.000 евра
Следна статијаЕлон Маск ги обвини Apple дека го фаворизираат ChatGPT во App Store на сметка на другите вакви апликации
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.