Фото: Garmin

Garmin, кои покрај другите производи се доста познати и по нивните паметни часовници, претставија посебен уред наменет конкретно за следење на спиењето на корисниците. 

Уредот е наречен Index Sleep Monitor, а е направен во форма на тенка нараквица која се носи на горниот дел од раката, односно нешто слично како што се поставуваат мерачите за притисок. 

Овој уред е одличен за корисниците кои немаат паметен часовник или тие кои не сакаат да го носат нивниот часовник кога спијат, од што е голем и им пречи или од некоја друга причина. 

Од Garmin истакнуваат дека нивната Index Sleep Monitor нараквица може да се носи до седум дена пред да треба да се наполни, а и лесно се пере во машина со едноставно вадење на модулот претходно.

Што се однесува до мерењата кои може да ги прави овој уред, тие се какви што би очекувале, односно тие што се достапни преку паметните часовници. 

Garmin Index Sleep Monitor дава оценка за квалитетот на спиењето до 0 – 100, ги мери фазите на спиење, „heart rate variability“ статусот, кислородот во крвта, варијациите при дишење, респираторната стапка, температурата на кожата, како и посебни мерења поврзани со енергијата, стресот и мерките поврзани со жените. 

Мерењата кои се прават се синхронизираат со Garmin Connect мобилната апликација, а уредот ќе се продава по цена од 170 долари, а ќе видиме дали и за колку ќе биде достапен кај нас. 

ИЗВОРAndroid Central
ИЗВОР 2Garmin
Претходна статија„СајберХерој“ – Игра што ја менува свеста за сајбер безбедност кај младите
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.