Galaxy Z Fold серијата од Samsung веќе е главна на пазарот и доста подобрена во споредба со првите верзии. Од Galaxy Z Fold5, кој треба да биде претставен ова лето, се очекува дополнително подобрување, а посебно на некои од послабите точки кои останаа.
Според информации кои веќе можевме да ги прочитаме, Galaxy Z Fold5 ќе дојде со нов механизам за преклопување. Овој механизам ќе биде помал и полесен, а исто така ќе го превиткува екранот на различен начин. Екранот ќе биде превиткан во различна форма, поточно во таканаречената капка форма, а тоа ќе овозможи да не се создава фалта, барем не толку видлива.
Оваа промена, како и дополнително средување на уредот, ќе овозможат да тој биде нешто потенок и полесен. Се најавува дека ќе биде полесен за 13 грама, односно од сегашните 263, тежината ќе биде намалена на 250 грама.
Намалувањето на дебелината се очекува да биде околу еден милиметар, што не делува многу, но сепак прави разлика на крајот.
Дополнително уредот ќе изгледа уште повеќе потенок поради механизмот за превиткување кој сега ќе овозможи двете страни целосно да се спојат, наместо оставањето на мал простор како што е сега случајот.
Според дел од информациите, Galaxy Z Fold5 можно е да биде првиот ваков уред кој ќе дојде со отпорност на вода и прашина, па ќе биде интересно да видиме дали Samsung успеале да го постигнат овој напредок.
Како и претходните години, Galaxy Z Fold5, заедно со уште неколку други уреди, се очекува да биде претставен во август.