Скопје, 19. мај 2025 – Samsung Electronics неодамна ја претстави својата најнова линија на уреди од бела техника. Суштината на модерните технологии е во поврзаноста, лесната употреба и практичноста, а тоа ја претставува и визијата која Samsung ја донесува, и воедно е причина за новата промоција. Добијте повеќе и поперсонализирано за истите пари за време на промотивните периоди од 19.5. до 26.05.2025, како и од 01.06 до 30.06.2025, и при купување на одредени Samsung фрижидери, машини за перење, машини за сушење или правосмукалки, добијте на подарок Samsung Galaxy Watch7.
Не сме сите експерти во вршењето на домашните обврски, но и оние кои тоа го прават со задоволство многу би сакале да добијат асистент кој ќе ги олесни и забрза овие обврски, и тоа со подобрен квалитет.
Уживајте во лесното перење на облека. AI Home, на новите Bespoke AI машини за перење, има улога на интуитивен контролен центар, нудејќи корисни информации и контрола преку екран на допир. Покрај тоа, може да се персонализира начинот на перење така што машината ги памети вашите навики, предлага циклуси и покажува навремени информации. По перењето достапен е и извештај за облеката.
Управувајте со вашата машина за перење преку телефон. SmartThings е апликација која ви овозможува да ги поврзете вашите Samsung уреди во домаќинството, да ги проверувате и стартувате дури и кога не сте физички присутни, а преку неа ќе добивате и информации и препораки за што поефикасно извршување на домашните работи. И не само со машината за перење, туку можете да ги поврзете речиси сите Samsung производи, од часовник и слушалки, до телевизор, фрижидер, рерна и клима.
Во промоцијата е вклучена и најмоќната стик-правосмукалка Samsung со HEPA филтрација – Bespoke Jet AI Ultra. Со моќ на вшмукување од 400W и режимот за AI Cleaning 2.0 кој го класификува опкружувањето за вшмукување и различните видови на теписи, ќе се чувствувате прилично моќно додека за неколку минути завршувате уште една задача од домашното чистење. А на Galaxy Watch7 паметниот часовник, кој го добивате на подарок со купување на оваа правосмукалка, ќе можете да видите колку чекори и потрошени калории биле потребни за оваа активност.
На почетокот ја споменавме практичноста и тука е Samsung фрижидерот со вертикална поделба и Family Hub режим. Без рачки за отворање на вратите, овој фрижидер значително ќе ви го олесни доаѓањето дома со полни раце со кеси од купувањето, при што вратите со автоматско отворање имаат сензори на двете страни, благодарение на кои полесно се отвораат кога ќе се допрат. Секако, суштината е во она што е внатре, а во тоа помага Twin Cooling Plus опцијата, која спречува мешање на мирисите меѓу внатрешните оддели и ја чува храната во соодветни услови, прилагодувајќи гитемпературите и влажноста во фрижидерот и замрзнувачот и користејќи независни испарувачи, вентилатори и отвори.
За повеќе информации и услови на промоцијата, посетете го линкот: https://www.samsung.com/mk/offer/bespoke-ai-is-here/ и во секој случај, пристапете до апликацијата SmartThings на вашиот телефон, едноставно скенирајте ги паметните уреди во домаќинството и уверете се на кои сè начини поврзаноста преку SmartThings го прави вашиот живот поедноставен.