Светот може да се каже дека се’ уште ја довршува имплементацијата на 4G технологијата, меѓутоа за идната година веќе може да се очекува петтата генерација од оваа безжична технологија. Иако стандардот официјално уште не е довршен, тоа не го спречи Verizon, американскиот оператор, да се прогласи себеси за првите кои имаат пуштено во светот комерцијална 5G мрежа.

Мрежата навистина е 5G, односно кога ќе биде финализиран стандардот, од компанијата ќе ја надградат мрежата и ќе ги сменат корисничките уреди. Сепак, ова што тие го имаат пуштено е направено на основа на досегашниот развој на 5G стандардот, па корисниците можат да ги очекуваат придобивките од новата технологија.

Кои се придобивките од 5G технологијата. Кратко кажано, поголема стабилност, проток на податоци, како и поголема брзина. Оваа технологија полека доаѓа до брзини кои можат да ги заменат мрежите со кабел, па ќе почнат да се користат и на места каде веќе е поставена кабловска мрежа.

Verizon за почеток ја нуди својата 5G мрежа во домовите на неколку градови, односно во Хјустон, Индијанаполис, Лос Анџелес и Сакраменто. Во овие градови корисниците можат да добијат неограничен интернет пристап којшто ќе има просечна брзина од 300 Mbps, а може да се очекуваат и брзини кои се мерат во гигабити.

Цената по која ќе го продаваат овој пакет од Verizon изнесува 50 долари месечно за постојните корисници на нивната мобилна мрежа, односно 70 долари за корисниците кои немаат мобилен пакет од нив. Кога ќе се земе стандардот во САД, ова се прилично ниски цени, но се стандардни за тој пазар.

Македонски Телеком веќе најави дека и во Македонија ќе биде имплементирана 5G мрежа, која може да се очекува комерцијално да биде пуштена до 2020 година, што е доволно брзо и реално за очекување.

ИЗВОРVerizon
ИЗВОР 2Engadget
Претходна статијаGoogle воведе нови правила за екстензиите во Chrome
Следна статијаПрвата миризлива Mastercard дебит бесконтактна картичка на Еуростандард Банка
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.