Денешните безжични полначи за нашите паметни телефони се само делумно корисни – кога ќе го кренете смартфонот од нив полнењето престанува, што мора да признаеме се случува навистина често. Сепак, набрзо ќе дојде време кога со самото влегување во некоја просторија нашите уреди ќе можат да се полнат, а прв кој ни дава да ѕирнеме во една ваква технологија е компанијата uBeam.
На „затворена” презентација тие претставија безжично полнење кое работи на далечина. Уште веднаш ќе пресечам дека и ова полнење е далеку од тоа да може да ви се полни смартфонот само со влегување во некоја соба, но е добар почеток. Имено, извршната директорка на компанијата, Мередит Пери, на презентацијата покажа дека нивната технологија функционира на неколку сантиметри оддалеченост, веројатно доволно за да го чепкате телефонот во близина на полначот и тој да може да се полни.
Wireless charging of a phone thru the air. Woh. ? 1st public demo ever @ubeam #UpfrontSummit pic.twitter.com/I6GZx7KDri
— Spencer Rascoff (@spencerrascoff) February 3, 2017
Засега овој полнач е само концепт и не очекувајте уште веднаш да го видите на пазарот. Ваквиот полнач исто така има многу ограничувања и треба вистински добро да функционира за да може воопшто да се појави на пазарот. Да, актуелните безжични полначи можат да полнат само кога смартфонот е ставен на нив, но корисниците тоа го знаат и се прилагодуваат на него, а полначите се јасно обележани. Од друга страна, не би било корисно да имате полнач кој може да полни од подалеку доколку тој работи само во одреден дијаметар околу полначот, бидејќи константно би ги бркале брановите за полнење. Поточно, нема да има одблежување каде ќе работи и каде нема да работи.
Како и да е, uBeam планира да продолжи да работи на овој проект и кога ќе биде спремен, прв да лансира таков полнач на пазарот, кој би имал форма на диск. Прогнози за кога ќе се случи тоа нема, но се надевам дека ваков производ би можеле да видиме за две до три години.
Извор: The Verge, Slash Gear, uBeam