Autopilot системот на Tesla е втората работа која успева да привлече големо внимание во јавноста. Главната причина за тоа е можеби лошиот начин на презентирање на овој систем од страна на компанијата, систем кој доста луѓе го мешаат со целосно автономен систем за управување, па не ретко можевме да видиме видеа од сообраќајни незгоди со Tesla автомобили чии возачи го оставаат воланот.
Како и да е, овој систем покажува голем потенцијал, од компанијата сериозно го развиваат и во иднина се очекува да прерасне во целосно автономен систем кој ќе го управува автомобилот во секакви услови. Кога тоа време ќе дојде, се очекува значително да се намали бројот на незгоди поради тргање на човечкиот фактор од сообраќајот, меѓутоа има време до тогаш.
Во видеото на почетокот од статијата можете да видите како Autopilot системот го “гледа” патот, односно што се забележува и зема во предвид кога автомобилот се движи. Видеото е објавено од страна на YouTube корисникот Pranav Kodali и тој тврди дека има дојдено до податоците од системот.