34

Се работи за авионот S-512 од Spike Aerospace, наменет за бизнис корисниците и познат по суперсоничната брзина која што ќе им овозможи на патниците доста пократко време на патување до нивните дестинации. Авионот е сеуште во фаза на развој и производство, па не е достапен, односно сеуште никој не го поседува. Оваа фаза овозможува додавање на уште нови работи, па за една од нив ќе можете да прочитате во продолжение.

Од компанијата најавија дека овој авион ќе доаѓа со дизајн кој што нема да ги вклучува стандардните прозори кој што ги има на секој авион, без разлика од која класа. Меѓутоа ова не значи дека патниците ќе седат во просторија без можност за поглед надвор. Наместо прозорите, внатрешноста на авионот ќе биде покриена со тенки екрани вградени во неговиот ѕид. Овие екрани ќе ја покриваат целата страна каде што би требало да бидат прозорите, а исто така ќе бидат поголеми од нив. На надворешната страна од авионот ќе бидат поставени поголем број на камери кои што ќе ја испраќаат сликата на внатрешните екрани, со што ќе се добие неверојатен поглед во живо каков што ниеден друг авион не може да го понуди. Патниците ќе добијат многу поголем и поширок поглед, па доколку некој се плаши од летање ова можеби би било премногу за него. Екраните ќе имаат можност да бидат затемнети, на нив да биде прикажано нешто друго освен надворешната слика, како и можност за поврзување со компјутерите на патниците и користење како втор екран, на пример за прикажување на презентации.

interior-mountain

interior-split

Овој дизајн покрај неверојатниот изглед има и додатна предност поврзана со аеродинамичноста на леталото. Како што објаснуваат од компанијата, прозорите на авионите претставуваат значителен предизвик во нивното дизајнирање. Тие бараат додатна структурална поддршка, додатни делови кои што додаваат и на тежината на леталото. Со користењето на дизајн без прозори, ќе бидат избегнати овие „проблеми“, авионот ќе биде нешто полесен, а исто така неговата надворешност ќе биде повеќе аеродинамична. Овие карактеристики сигурно се добредојдени во авион кој што треба да лета со големи брзини каде што секоја ситница прави разлика.

interior-city

[related_posts_by_tax title=”Можеби ќе ви се допаднат и следните статии”]

Претходна статијаНајди такси, автобус или кола, каде и да си
Следна статијаPowered by Android ќе биде задолжителна ознака кај новите телефони кои работат на овој оперативен систем
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.