Имате премногу избор за вашиот нов домашен или мобилен интернет? Наскоро ќе има уште еден играч, кој со својата понуда ќе настапи глобално. Се работи за компанијата SpaceX на Елон Маск, која планира да лансира 4.425 сателити, кои ќе имаат за цел да ја покријат Земјината Топка со супер брз интернет.

SpaceX веќе има побарано дозвола од FCC и Сенатот во САД за да ги лансира овие сателити и истите би требало да станат функционални во 2019 година, но целата мрежа би се покрила до 2024 година. Ова е и очекувано – тоа се многу вселенски лансирања. Ваквите сателити би биле лансирани со Falcon 9 ракетата на компанијата, која е исклучително популарна бидејќи е првата во светот која се употребува повторно, односно може да слета целосно исправена.

Интернетот на SpaceX ќе биде прилично моќен. Брзините ќе бидат како на денешните оптички интернет решенија, што е големо постигнување за еден сателитски интернет. Многу поважно, сателитскиот интернет ќе има покриеност на места каде скоро и да не е возможно да покрие и мобилна мрежа. Исто така, SpaceX ќе вгради посебни технологии, кои ќе овозможат неколку сателити да го насочат зракот каде што е потребно, односно на повеќе населени места.

Но, овој потег на SpaceX, како и со секој потег што го прави Елон Маск, не е само да биде уште еден конкурент на интернет сцената. Наместо тоа, компанијата сака да го направи светот целосно покриен со интернет мрежата, независно од тоа во која земја живеете.

Извор: Engadget, The Verge, Futurism

Претходна статијаСредношколци го освоија 5тото јубилејно издание на NASA Space Apps Challenge во Македонија
Следна статијаНова батерија ќе им овозможи на електричните возила да поминат 1.000 km со едно полнење?