Технологијата во денешно време е толку лесно достапна и применлива, што полека на се повеќе места ја сретнуваме и ќе ја сретнуваме во иднина. Покрај во некои други области, актуелно станува и ставањето на попаметни системи во автомобилите, преку соработка со некои од компаниите кои веќе имаат развиено мобилни оперативни системи, како и огромна база на апликации.
Таков пример е најавената соработка на Google со Audi за користење на Android оперативниот систем во нивните автомобили. Оперативниот систем би требало да го замени моменталниот систем за забава во автомобилите, па покрај можностите за пуштање на музика и слично, ќе овозможи користење на навигација, апликации и сервиси достапни на мобилните телефони. Предноста на овој начин на имплементирање на нешто што веќе го има во автомобилите е големата достапност на апликации на мобилните оперативни системи и нивната функционалност, која што може да овозможи многу подобро корисничко искуство и поврзување со мобилните телефони, за разлика од моменталните системи во автомобилите.
Ова не е прва најавена соработка на IT компанија со некоја од автомобилските компании. Apple веќе одреден период е во најава за соработка и интеграција на своите производи во автомобилите со производителите како, Honda, BMW, Mercedes-Benz делот во Daimler, General Motors.
Извор: TWSJ