DSCF3369

Најголемиот јапонски производител преку “Future Lab” програмата за истражување и развој, на “South by Southwest” фестивалот во Тексас прикажа два нови уреди кои покажуваат како размислуваат за иднината на преносливите уреди нивните инженери.

Првиот уред е пренослив „околувратник“, односно е нешто налик на Google Glass, но се носи околу вратот. Ова би требало да делува помалку офанзивно и помалку чудно, но во принцип има многу слични карактеристики. Concept N можеби нема екран кој може да ви прикаже информации во околината, но затоа може да одговори на секое поставено прашање.

prototyoe-n

Имено, уредот има вграден дигитален асистент наречен “Arc”, кој се повикува прилично офанзивно – “Listen up Arc!”, односно „Слушај Арк!“, а работи слично како Siri, Google Now и Cortana. После таа команда може да му наредите на “Arc” да ви ја каже временската прогноза или пак да ви ја каже локацијата, односно колку километри имате истрчано доколку спортувате…

Уредот дури има и вградена камера, која исто така се активира со гласовна команда и која според тоа како стои уредот на телото, веројатно ќе биде најчесто насочена кон, кхм, просторот во градите на луѓето спроти вас, па затоа веројатно ќе биде најдобро да ја користите доколку нема некој човек пред вас. Другата интересна функција е тоа што уредот има вградени звучници, преку кои можете да слушате музика и да ја слушате околината и дури и слушалки со отвор кои ќе ви го овозможат тоа, доколку не сакате сите да ја слушаат вашата музика.

DSCF3385

Вториот концепт од “Future Lab” е многу поинтересен – се работи за Bluetooth звучник со вграден проектор. Да знам, веќе имате слушнато за многу вакви звучници со вградени проектори, но Interactive Tabletop има еден дополнителен адут – тука може да управувате со проектираната слика.

Проекторот може да ја проектира сликата на маса и корисникот може да има интеракција со тоа што го гледа на проекцијата исто како што би имал доколку под прстите би имал таблет – со допир и најразлични гестови со рацете. Кул концепт, кој е добар показател за тоа каде ќе се движат преносните компјутери во иднината.

Извор: Engadget, Mashable, The Next Web

Фото: Engadget, Mashable

Претходна статијаИнстантното учење како во Матрикс станува реалност
Следна статијаЗаканата од ВИ – Google DeepMind го победи човечкиот шампион во играта Го