Иако иновативните трендови се фокусираат на помладите корисници, неколку компании го посветија своето внимание на постарата генерација. Компании како Phillips, веќе нудат технологии со кои може да се детектира пад на постара личност и автоматски да повикаат помош. Healthsense  и AdhereTech со помош на сензори прикачени на кутиите од лековите и на други предмети во домот, пасивно учествуваат за поголема контрола на постарите лица.

Сепак, Lively нуди поинтересно решение, како што вели коосновачот на оваа компанија Iggy Fanlo, технологија која не е наменета за контролирање туку за грижење и овозможување на независност на постарите членови од семејството. Разликата од сличните уреди на пазарот е во тоа што Lively е ‘’user friendly’’, односно достапен е за сечиј буџет и едноставен за употреба.

lively

Со поставување на овие сензори на пр. на лекарствата може да се следи когa лекот е земен и кога не е, или на клучот од домот може да се следи кога личноста го напуштила или се вратила во домот и сл. Lively сензорите ги учат навиките и рутините на постарите лица и со помош на централен приемник кој ги прима сигналите, се праќаат известувања на lively web сајтот преку вградена мобилна мрежа (не е потребна интернет конекција).

Преку web или паметен телефон, Lively ги известува најбликите ако се случува нешто што е различно од вообичаеното. Интересно дополнување на оваа технологија е и автоматското креирање на албум од слики и пораки кој двапати месечно се праќа до постарите членови на семејството.

За почетна цена од 149 долари со овој уред може да се грижите за своите најблиски, независно каде и да сте, но и да им понудите на на вашите најмили да се чувствуваат посамоуверено и самостојно без разлика на нивните години.

Претходна статијаPushbullet – лесно испраќајте работи помеѓу вашите уреди
Следна статијаMetal Gear Rising: Revengeance конечно на PC