Научниците ширум светот се во потрага по идеално решение кое би можело да го спречи постојаното загадување на животната средина. Проблемите со штетни емисии на јаглероден диоксид и зависноста од истрошливи ресурси на еден начин се решени со појавата на електричните автомобили. Но, јапонскиот производител на автомобили Мазда тврди дека има подобро решение и од ова, автомобилски мотор почист и од електричните автомобили.

mazda-motor-1

SkyActiv-G Generation 2–a, е бензински мотор со директно вбризгување со сооднос на компресија од 18:1. Само за споредба, првата генерација од овој тип на мотори на Mazda исто така имаат висок сооднос на компресија од 14:1. Првичните резултати се одлични, термичката ефикасност е подобрена до 30%, има до 30% поекономично трошење на горивото и еколошката стапка е многу мала, односно овој мотор би произведувал околу 80 грама јаглерод диоксид на километар.

За да се постигне посакуваниот резултат, Mazda сака да го искористи новиот сиситем homogeneous charge compression ignition (HCCI). Овој сиситем работи на сличен начин како дизел моторите, за да се запали смесата од воздух и гориво во комората се користи клип за компресија, наместо стандардните свеќици како што е кај бензинските мотори. Всушност, HCCI претставува комбинација од дизел и бензин процеси, односно SkyActiv-G Generation 2–a  би бил хибриден мотор кој согорува бензин, а во исто време е и дизел агрегат.

Со примена на оваа нова технологија би се овозможило бензинскиот мотор да ја надмине ефикасноста на дизел моторите. Благодарение на својата лесна конструкција, мало триење и висока компресија би бил еден од најефикасните кога станува збор за економично користење на горивото и мало загадување.

Од Mazda најавуваат и 3-та генерација од овие мотори. Во најновите мотори согорувањето би било базирано на адиабатен процес, што значи при согорување на смесата нема да се губи непотребно топлина и моторот би бил значително поефикасен. Во овој случај би имало до 30 % целосно подобрување од втората генерација на мотори и би се емитирале околу 60 грама јаглерод диоксид на километар, што е и теоретски максимум.

mazda-motor-2

Оваа нова технологија на мотори според Мазда е многу ефикасна и може да ги надмине електричните автомобили и тоа без додавање скапи и тешки додатни компоненти. Меѓутоа ваков производ би имало околу  2020 година, кога е во план оваа компанија да ги пушти во продажба своите први хибридни автомобили.

Претходна статијаНеверојатни снимки со летачката камера Phantom 2 Vision+
Следна статијаDropbox ја претстави апликацијата за слики Carousel