ххх

Екраните на мобилните уреди во брзо време може да станат уште ”попаметни” и пофункционални според најновото истражување кое доаѓа од Канада. Научниците од Polytechnique Montreal постоечките екрани на допир отпорни на гребаници успеаа да ги направат и сензорски уреди.

Тие со помош на веќе постоечка технологија, вградија обвивка од сензори под стаклото Gorilla Glass кое се користи во милиони електрични уреди и со тоа создадоа сосема нова функција на дисплеите. На пример, во зависност од типот на сензори вградени во екранот, ќе бидете во можност со мобилниот телефон да ја мерите вашата телесна температурa, дијабетичарите шеќерот во крвта и сл.

Сето ова е возможно поради новите фотонски системи создадени со помош на ласер. Овие фотонски системи се однесуваат како водови кои ја емитираат светлината, односно ги пренесуваат фотоните, слично како електронските уреди кои користат жици да ги пренесуваат електричните сигнали. Како резултат на ова, екранот е во можност да врши функции за кои при нормални услови е потребна електрична енергија, а тука само светлина.

Иако досега се користени ласери да се направат фотонски светлечки системи, ова е прв пат оваа техника да се аплицира на Gorilla Glass и да е доволно ефикасна за комерцијална употреба. Планот е да се најде во продажба веќе следната година, па со поголемо учество на компаниите овие сензори да се вметнат во веќе готови електронски уреди и во различни стаклени површини.

Извор: PCWorld, Engadget, ScienceDaily

Претходна статијаJyrobike: Само балансирачки велосипед
Следна статијаТри мобилни апликации кои ќе ви го привлечат вниманието