51180301eb24196c00faedb0f3c71bd5_large

Доколку сте љубители на Star Trek сериите и филмовите, овој уред веднаш ќе ве потсети на познатиот трикодер кој што се користи, а посебно во оригиналната, односно првата серија од седумдесеттите. Во таа серија луѓето користејќи мал уред го скенираат составот на скоро се што им е потребно, а резултатите од скенирањето ги читаат на друг уред со големина на мобилен телефон само многу подебел.

SCiO е мал уред кој што се користи за скенирање на хемискиот состав на одредени производи, а резултатите ги прикажува на паметните телефони преку Bluetooth конекција. Се разбира овој уред е далеку од тоа што го гледате на филмовите и сериите, меѓутоа може да се каже дека го најавува почетокот и развојот на ваков тип на уреди. SCiO не е првиот уред од ваков тип, меѓутоа повеќето се користат во лабораториите и се многу поголеми и се разбира поскапи. Во оваа фаза на развој уредот може да го прикаже хемискиот состав на храната, лековите, растенијата, а со тек на време и развојот се планира проширување на повеќе работи како, козметика, облека, почва, накит, кожа, гума, масла, пластика и други. За можноста од филмовите за скенирање на составот на крвта и повеќе информации за човечкото здравје изгледа ќе треба да почекаме нешто повеќе.

aec2191bd9b1adcbf481556d9ad55001_large

SCiO сензорот претставува мал преносен спектрометар кој што информациите ги добива користејќи ја методата на near-IR spectroscopy, односно спектроскопија на регионот близок до инфрацрвената светлина од електромагнетниот спектар. Објаснето на поедноставен начин, секоја молекула вибрира на свој уникатен начин, а тие вибрации вршат интеракција со светлината создавајќи нивни уникатен оптички потпис. SCiO сензорот вклучува извор на светлина кој што го осветлува примерокот кој што го скенирате и оптички сензор наречен спектрометар кој што ја собира одбиената светлина. Спектрометарот ја разложува светлината до нејзиниот спектар со што ја добива потребната информација за молекулите на скенираната работа.

Информациите од светлината ги испраќа на поврзаниот паметен телефон преку Bluetooth конекцијата, по што преку интернет се поврзува до соодветниот сервис каде што преку алгоритми се врши анализа на спектарот и се враќа информација за составот на скенираниот објект.

20ed17d0a35d9e1efe161f54a7578214_large

SCiO моментално е во фаза на прибирање на средства преку Kickstarter и има собрано скоро 5 пати повеќе од потребните 200.000 долари потребни за почетокот на производство. Почетната цена изнесуваше 150 долари, а сега е зголемена на 200. Се очекува да биде доставен на поддржувачите од почетокот на идната година.

Апликациите кои што работат со уредот се достапни за корисниците на iOS и Android паметни телефони.

Претходна статијаPaperFold: E-paper телефон со три екрани на превиткување
Следна статијаModulo преносен полнач за мобилни уреди
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.