scalevo

Кој тоа рекол дека сите студенти се мрзливи, не можат да станат наутро и да се зафатат со суштински-битни проекти? Една група од 9 студенти од Швајцарија на јавноста го представи прототипот на својот најнов пронајдок – Scalevo Wheelchair.

Scalevo Wheelchair е количка за хендикепирани лица која носи огромни подобрувања во способностите за движење и манипулација во физичкиот свет за овие лица. Имено, се работи за моторизирана количка која во исто време е рудиментирано роботизирана. Таа покрај тркалата кои се обврзна компонента засега за ваквите уреди, има и гасеници, како и дополнителни мали тркалца.

Сигурно се прашувате за што точно се овие додатоци. Гасениците служат за да може количката да се качува и симнува по скали! Како што ќе можете да видите на горното видео, количката доаѓа до скалите, потоа ги спушта гасениците и со помош на паметен алгоритам почнува да се искачува без поголеми проблеми, по команда на корисникот. На самата количка има сензори кои го детектираат просторот и знаат каде е скалата и до каде завршуваат истите, за да ја исправат количката.

Гасеницата е подпомогната од мали тркалца  кои овозможуваат да се стабилизира па дури и да се подигне корисникот за да види нешто од повисоко. Движењето се регулира со помош на команди при раката на пациентот, а брзината зависи од тоа колку се притиска на управувачот. Ако се прекине со притискање количката застанува т.е. никогаш не вози сама, како безбедносна мерка.

За сите лица кои поради несреќен случај или на друг начин биле оневозможени да функционираат нормално со помош на сопствените нозе, ваквата количка може да представува животен спас и значително подобрување на животниот квалитет. Количката се` уште не е комерцијален производ, но не гледаме зошто не би бил. Чекаме да биде понудена на пазарот и да ги подобри животите на хендикепирани луѓе.

Ова треба да представува и дополнителна поука за младите луѓе и студентите, кои веруваме ќе се убедат дека е можно да се „троши“ слободното време на суштински важни работи за човештвото и за тие кои имаат потреба од подобрување на животниот квалитет.

Извор: Fastcoexist, Gizmag, Scalevo.ch

Претходна статијаBBC Micro:bit е супер едноставен мини компјутер, наменет за училиштата
Следна статијаSaent – Indiegogo проект за подобрување на ефикасноста и фокусот во дигиталниот свет