nokia-wireless-charging

Samsung планира да воведе безжично полнење на уредите во втората половина од идната година, најавија од ETNews.com. Безжично полнење веќе постои и се користи, а најпопуларно стана она на Nokia Lumia мобилните телефони. Начинот на кои што се полнат Lumia телефоните е преку ставање на телефонот врз полначот кој што е во форма на подлога или мало перниче и за полнењето не е потребно поврзување преку кабел. Технологијата што се користи е индуктивно безжично полнење и функционира на тој начин што полначот креира магнетно поле кое што уредот го користи за добивање на енергија. Она што е карактеристично, а и проблем за безжичното полнење моментално е потребата уредот да биде на полначот цело време, во спротивно тој нема да се полни. Ова значи дека нема да може да го користите уредот додека се полни.

Она што Samsung сакаат да го развијат е сличен начин на полнење на уредите, меѓутоа без потреба од близината што е потребна сега. Она што би се постигнало е да уредот се полни, без притоа да е поставен на некаква подлога и истиот ќе може да се користи, без кабли се разбира. Оддалеченоста сепак ќе биде ограничена, но е многу поголема од сегашната.

Претходна статијаBing Weather за Windows Phone 8 со нови функции
Следна статијаUbuntu 13.10 достапен за симнување и надградба
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.