stroke-helmet

Тим од шведски научници има развиено кацига која што може да открие дали и каков тип на мозочен удар има пациентот со помош на микробранови. Овие микробранови се истите кои што се користат во микробрановите печки и во мобилните, меѓутоа со многу помал интензитет. Оваа кацига е наменета за болничарите од брзата помош, како и за болниците и треба да овозможи слика за тоа што се случува во мозокот на терен, односно многу побрзо од времето потребно пациентот да биде пренесен во болница и спремен за CT (компјутерска томографија).

Клучното во спречувањето на посериозно и непоправливо оштетување на мозокот е брзата реакција, која подразбира откривање во кој дел од мозокот и кој тип на мозочен удар има доживеано пациентот. Постојат два типа на мозочни удари, односно мозочен удар предизвикан од крвавење на крвен сад во мозокот или мозочен удар предизвикан од блокирање на крвниот сад од тромб, односно од згрутчување на крвта.

Ова кацига успешно ги открива информациите потребни за докторите веднаш да реагираат и да започнат со лечење. Меѓутоа сепак се работи за прототип, па во оваа фаза се’ уште точноста не е 100 процентна. Со понатамошни тестирања и развој на кацигата, се планира да се достигне посакуваната точност и таа да стане стандарден дел од опремата на амбулантните возила, како и болниците. Исто така со развојот се планира вклучување на технологијата во перниците за пациентите.

Извор: BBC Преку: Ubergizmo

Претходна статијаiPad Smart Cover ќе може да прикажува нотификации ?
Следна статијаSpire го следи вашето дишење и ви помага да бидете смирени
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.