MK-CM803_HOLOGR_G_20140602175917

Ова е уште еден пример за тоа како развојот на технологијата почнува да овозможува работи кои што до пред 20-30 години ги имаше во филмовите, а луѓето можеа само да се надеваат дека еден ден ќе видат нешто слично. Во овој случај се работи за емитување на 3D слика во воздухот од мал уред како што се паметните телефони или можеби паметни часовници. Споредбата која што е најчесто употребувана за оваа технологија е сцената од познатиот Star Wars филм, кога R2-D2 роботот проектира порака во форма на холограм од принцезата Леа.

Проектирањето на 3D слика во воздух, односно технологијата на холограми не е баш нова, иако се’ уште е во развој и не се користи, освен во одредени ретки случаи. Меѓутоа она што е карактеристично за технологијата е потребата од доста опрема која што е прилично голема, посебно кога ќе ја споредиме со денешните преносни уреди. Големината ја прави тешко пренослива, непогодна за користење од обичниот корисник, а се разбира и прилично скапа. Оваа технологија во основа работи на принципот на проектирање на светлина која што со помош на огледала е насочувана на потребната страна и под одреден агол.

Компанија која што е лоцирана во Carlsbad, California наречена Ostendo Technologies во последните 9 години работи на развој на технологија која што ќе може да емитува слика со висока резолуција и притоа да биде доволно мала да може да ја собере во паметните телефони. Оваа компанија е финансирана од страна на владината агенција DARPA, како и повеќе фирми инвеститори и Peter Thiel кој што е првиот надворешен инвеститор во Facebook. Поддршката е голема, па и собраните средства се огромни, односно тие изнесуваат повеќе од 90 милиони долари.

Резултатот на работата на оваа компанија е проектор кој што го споредуваат со големината на Tic Tac бонбоните, кој што работи со помош на чип кој што ја контролира бојата, јачината на светлината и аголот на секој зрак. Користејќи еден ваков чип кој што може да биде вграден во телефон, може да се проектира 2D слика на површина со големина од 48 инчи во дијагонала. Користењето на повеќе чипови во комбинација ќе овозможи проекција на 3D слика во воздух, односно без потреба од површина на која што би била проектирана. Еднa од предностите на Ostendo чипот е високата резолуција во која што ja проектира сликата, која што има 5.000 пиксели на инч.

BN-DB186_chip06_GR_20140602215133

Интервју со луѓето од компанијата има направено The Wall Street Journal на кои што им е покажан тест од 3D сликата која што овој чип може да ја емитува. Според весникот, сликата изгледала одлично и тие биле задоволни од нејзиниот квалитет, како и конзистентност.

Комерцијалното производство на Ostendo чипот се најавува за идната година, односно до почетокот на идното лето. Првите чипови ќе биде со можност за проекција на 2D слика, по што набрзо се најавува и продажба на 3D способните чипови. Овие чипови исто така се најавени за 2015 година.

Извор и слики: The Wall Street Journal, Engadget

Претходна статијаGoogle наскоро ќе лансира Еnd-to-Еnd Chrome екстензија за енкриптиран email
Следна статија64-битна верзија на Chrome достапна за Windows
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.