Во еден интересен пронајдок, повторно врзан околу ЕЕГ и читање мозочни бранови, научниците успеаа далечински да поврзат два испитаника преку Интернет. Ова е само едната страна. Имено, со таквата врска едниот може да погоди што другиот мисли (во ограничен склоп на објекти).
Се работи за склоп од двајца – прашувач и одговарач. Одговарачот на главата има ЕЕГ скенер, а на екранот му се прикажува одреден објект или збор како на пример „тирамису“. Од другата страна, преку Интернет, е поврзан друг испитаник (прашувач) кој првенствено ја бира категоријата на објекти кои ќе му бидат прикажани на одговарачот, а потоа одбира од понудените прашања околу објектот кој му бил прикажан на одговарачот.
Прашањето му се прикажува на одговарачот, а тој преку ЕЕГ скенерот го одбира одговорот – да или не. Ако одговорот е да, силен електромагнет го стимулира видниот нерв на прашувачот, предизвикувајќи го ефектот на фосфен. Прашувачот, ако го видел ефектот, одговара да – и така му/и` се поклопува одговорот со одговарачот.
Воедно, ова е демонстрација на пренос на мозочни информации на неконвенционален начин, без употреба воопшто на јазик или други средства на комуникација, туку само преку мозочни бранови и резултантно магнетно поле.
Поврзување на мозоците на различни луѓе не е воопшто спорно дека наскоро ќе биде возможно. Можните проблеми кои би се појавиле, пак, би биле поврзани со губењето на чувство на себство, приватност и ментална стабилност ако луѓето почнат да се врзуваат со сите и да дозволуваат туѓите и своите мисли да истекуваат во „колективната“ свест. Затоа оваа технологија треба да се развива паралелно со етичките дилеми кои ги отвора.
Извор: IFLScience, Washington.edu