Nanogeneator-inline1

Се работи за истражување од страна на Queen Mary University of London и Nokia кое што доколку испадне успешно и почне да се користи комерцијално во иднина, нема да ви треба класичен полнач за вашиот уред. Во основа според истражувачите, позадинските звуци како што се музиката, разговарањето, сообраќајот и слично, можат да бидат искористени за генерирање на енергија која што потоа може да се искористи за полнење на мобилниот уред.

До идејата дека звуците можат да се користат на ваков начин истражувачите имаат дојдено преку друго истражување во кое што тие тврдат дека имаат откриено дека пуштањето на музика во близина на соларните ќелии, ги подобрува нивните перформанси. По ова откритие тие го продолжуваат истражувањето во правец кој што не ја вклучува соларната енергија, што ги доведува до оваа интересна можност.

Технологијата работи на тој начин што на тенка пластична лента се поставуваат мали нано-прачки или нано-жици направени од цинк оксид. Цинк оксидот претставува пиезоелектричен материјал, односно материјал кој што може да генерира енергија кога е изложен под механички притисок. Како таков притисок, односно стрес, може да се смета тој направен под влијание на звучните бранови од околните звуци. Од двете страни на овие прачки потоа се поставаат електрични контакти, со што се овозможува генерираната енергија да биде пренесена до батеријата од уредот.

Дали овој начин на генерирање на енергија може да биде доволен за полнење на мобилните уреди останува да видиме, но дефинитивно ова е интересен концепт кој што би бил корисен доколку се развие и почне да се вградува во уредите.

Извор: The Verge, QMUL, Nokia Conversations

Претходна статијаSkype ќе прикажува нотификации само на уредот кој што моментално го користите
Следна статијаSamsung и Barnes & Noble го претставија Galaxy Tab 4 NOOK
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.