radar-gun

Полицијата во иднина покрај брзината ќе мери и дали возачите праќаат пораки додека возат, благодарение на ComSonics. Оваа компанија од Virginia, USA која што работи на изработка на вакви производи, вели дека развојот на овој уред е во поодмината фаза, па може прилично брзо да се очекува да биде достапен во продажба.

Иако ова за министерствата за внатрешни работи изгледа како корисна алатка, се’ уште не се надминати повеќе безбедносни проблеми кога станува збор за пресретнување на сигнал од паметен телефон. Тоа значи дека не е јасно дали оваа технологија покрај сигналот, ќе има можност да ја пресретне и содржината на пораката. Доколку тоа е случајот, се разбира, уредот би претставувал сериозна закана за и така веќе малата приватност во денешницата.

PRV0827N-RADAR-024

Своевидните дупки во целиот систем ги признава и самата компанија ComSonic. Како што вели менаџерот Малком Мекинтајер, се’ уште има легални пречки кои треба да се надминат пред производот да се пушти во производство и продажба.

Од компанијата истакнуваат дека радарот ќе има способност да направи разлика помеѓу сигналот кој што доаѓа од пишување на порака и тој кој што доаѓа од разговарање на телефонот. Во Virginia разговарањето на телефон при возење не е нелегално, меѓутоа пишувањето на пораки е.

Интересно прашање кое што се поставува за работата на овој уред е како ќе може да оцени дали пораката ја пишува возачот или некој друг во автомобилот. Дали информацијата од уредот ќе се смета како меродавна само ако возачот е сам во автомобилот ?

Извор: Cnet, ComSonic

Претходна статијаMicrosoft го претстави Xbox One контролерот за Windows
Следна статијаWiper – Chat апликација која се грижи за вашата приватност