photon-1

Дали наскоро ќе имаме можност да присуствуваме на создавањето на системот за инстантна комуникација налик на таквиот во играта Mass Effect или книгата „Ендерова игра“? Дали ќе можеме да симнеме еден филм побргу него што ни треба време да кликнеме или ќе можеме да контактираме во реално време со астронаутите на меѓународната вселенска станица Мир? Знаеме дека еден научник работи напорно токму на тоа.

Резултатите од истражувањето на професорот Николас Жисин од одделот за физика на Женевскиот универзитет покажуваат дека успешно е пренесена информација на растојание од 25 километри преку користење на принципот на квантната механика познат како квантно врзување (quantum entanglement).

Имено, овој принцип диктира дека е можно две квантни честички да се врзат меѓусебно при што промената на едната автоматски предизвикува еднаква, но обратна промена и кај другата – а притоа двете честички не мора воопшто да бидат една до друга. Впрочем, можат да бидат оддалечени и 25 километри, како што имаат постигнато во лабораторијата на професорот Жисин, а можат да бидат и на самите краеви на вселената, ако такви постојат.

Користејќи кристали кои имаат улога на мемориски уред, тимот на професорот Жисин успеал да удри еден слободен фотон во едниот врзан фотон – при што двата биле уништени. Интересното што се случило е дека кај другиот врзан фотон во кристалот се појавил фотонот кој бил уништен во сударот, што означува успешен пренос на информација на далечина користејќи ја квантната механика.

nphoton.2014.215-f1

Ваквата комуникација, иако сепак не побрза од најголемата космолошка брзина (брзината на светлината ~299.792 км/с), теоретски треба да овозможи неверојатно забрзување на комуникацијата меѓу различни локации и уреди, при што најголемите денешни брзини на пренос на информација ќе изгледаат во најмала рака смешни. Најновите наоди како овој изгледа покажуваат дека ваков пренос на информации ќе биде возможен и изведлив во нашата блиска иднина, па чекаме да видиме како истата ќе ги револуционизира начините на комуникација како Интернетот, телефонијата, криптологијата и така натаму.

Можеби ќе овозможи и изведлива комуникација со други интелигентни видови во Универзумот? Останува да видиме.

Извор: CNET

Претходна статијаГледајте го вчерашниот настан на кој што беше претставен Windows 10
Следна статијаMicrosoft го враќа MSN.com во живот и ги ребрендира своите апликации