nike1

Враќање во иднината продолжува да биде голема инспирација на многу претприемачи и иноватори во технолошката сфера. Па така не е ни чудно што после создавањето на летечкиот скирол од Nexus и Hendo ги создадоа и самоврзувачките патики.

Кој друг ако не Nike. Се работи за патика која „работи“ многу слично ако не и идентично на патиките од филмот. На нејзината горна страна постојат врвки кои по вметнувањето на ногата во патиката автоматски се притегаат до совршениот притисок и комфорт.

Врвките автоматски се приспособуваат на ногата и додека носачот оди или трча за да обезбедат најдобри можно перформанси. Засега Nike Air 2015 ќе бидат наменети само за посебни личности како познати спортисти и јавни личности и нема да можат да се купат од продавница, но се надеваме дека кога-тогаш и тоа ќе стигне.

Исто така интересното е што Nike ги претставија патиките токму на Back To The Future денот, 21 октомври 2015 година! Чисто да знаете дека во овој момент, иднината е веќе сегашност (гледано според филмот).

Сите средства од продажбата на самоврзувачките патики ќе одат за Мајкл Џ. Фокс фондацијата која е основана од едниот од главните глумци (кој го игра Марти Мекфлај) во серијата за борба против Паркинсоновата болест од која и самиот болува.

Еден пар патики веќе се испратени до Џ. Фокс како благодарност поради неговата инспирација. Очигледно дека некои општества сакаат да ги наградат своите херои кои ги инспирирале место да ги пикаат во затвор (иако, и САД веќе не се тоа што беа во приказните на Сноуден, Менинг и слични)…

Во секој случај интересна идеја од страна на Nike и се надеваме дека ќе продолжат вака.

Извор: Wired, Mashable

Претходна статијаFairphone 2 е првиот модуларен паметен телефон
Следна статијаFacebook воведе пребарување на сите јавни објави на социјалната мрежа