witricity

Безжичен пренос на електрична енергија не е нов концепт. Првично беше претставен пред околу 100 години од страна на Никола Тесла и неговата идеја беше базирана на принципот на електромагнетна индукција. Но, од тогаш никој нема постигнато значајни резултати на ова поле, се до најновата објава на компанијата WiTricity.

Во соработка со МИТ, тие создадоа така наречен резонантен пренос на енергија, каде електрична намотка е во можност да пренесува безжично енергија на друг уред кој има во себе вградено слична намотка на иста фреквенција.

Всушност, идејата не е да ’’лебди’’ електричната енергија во воздух, туку да се создаде магнетно поле во воздухот. За оваа цел развиен е резонантен извор, односно намотка од електрична жица. Кога оваа намотка спроведува електрична енергија, таа претставува еден вид на извор на енергија и создава магнетно поле. Ако уред со вградена слична намотка се донесе близу магнетното поле, ќе се создаде електричен полнеж и уредот ќе се снабди безжично со енергија.

magnetic-field

Оваа технологија е безбедна, односно магнетното поле кое се создава е истото кое се користи кај рутерите.

Од WiTricity се надеваат дека во домовите на иднината, безжичниот пренос на електрична енергија ќе биде лесен исто како безжичниот интернет. Со вградување на вакви извори во веќе постоечките уреди, не би имало никаков проблем мобилните уреди да се полнат додека ни се во џебовите, електричните автомобили да се полнат каде има вакво магнетно поле и сл. Меѓутоа, се уште се работи на безжичен пренос на електрична енергија на поголеми растојанија.

До сега се направени повеќе јавни демонстрации каде со помош на ова технологија безжично се напојувале батерии, LED светилки и мобилни телефони.

Може да го погледнете интервјуто за CNN на следниот линк:

https://www.youtube.com/watch?v=ckKrxx772hU

Претходна статијаПробајте го Firefox 29 бета, доаѓа со новиот Australis дизајн и нова верзија на Sync
Следна статијаGoogle Calendar наскоро ќе детектира настани што ги спомнувате во Google apps