Еден од најнадежните обновливи извори на енергија кој зазема голем процент од вкупното производство на ’’зелена’’ енергија е ветерот.  Меѓутоа производството на енергија со ветерни електрани наидува на низа негодувања од страна на еколошките организации ширум светот. Проблемот со големината и звукот кој го создаваат ветерниците и нивното влијание врз животната средина може да се реши со најновата идеја на Altaeros, летечки ветерни турбини.

flying-turbine

Оваа нова технологија е наречена BAT (Buoyant Airborne Turbine) и според компанијата новиот систем е способен да произведува двапати повеќе електрична енергија во споредба со копнените ветерни турбини. Идејата е овој систем да биде како цепелин, односно воздушен балон исполнет со хелиум во кој ќе биде сместена огромна ветерна турбина. Овој тип на ветерници би се поставиле на 1.000 до 2.000 метри надморска височина каде ветерот е константен и посилен за разлика од земјата. Произведената енергија би се пренесувала кон локалната мрежа на земјата со помош на спроводен кабел со висока цврстина.

Цената за електричната енергија произведена на овој начин би била поскапа од конвенционалните верзиии, околу 18 центи за kW/h, во споредба со ветерниците поставени на земја чија цена се движи од 4 до 5 центи за kW/h.

flying-turbine2

Во иднина ако им се даде на одалечените заедници да избираат дали сакаат да се снабдуваат со енергија преку дизел генератори или неколку BAT летачки објекти, Altaeros се надева дека оваа нова технологија ќе бидат нивниот избор. Летечките турбини имаат многу предости во споредба со конвенционалните, како на пр. помало влијание врз животната средина, но и можност за снабдување со електрична енергија на недостапни места или области погодени од некоја природна непогода.

Но, за да се докаже дека оваа технологија има иднина, компанијата има во план наскоро да изведе тестирање во Алјаска. Околу 1.300.000 долари се потребни за да се спроведе 18 месечниот тестен лет на овие летечки турбини.

Претходна статијаНова верзија на Facebook Messenger за iOS, донесува групи и препраќање на пораките
Следна статијаBlinkfeed од HTC ќе биде достапен за сите Android корисници