Lenovo го претстави својот лаптоп за којшто уште нема име, а ќе дојде со еластичен екран кој може да се превиткува во мај оваа година. Како што кажувам и за мобилните уреди со ваков екран, како Galaxy Fold од Samsung, така и за овој сметам дека ќе биде револуционерен, односно целосно ќе го промени начинот на којшто ги користиме нашите уреди.

Лаптопот од Lenovo треба да дојде со 13 инчен OLED екран кој може да се превитка и резолуција од 2К, што уште сега се гледа дека ќе биде уред од највисоката класа. Ќе работи на Windows 10, а со оглед дека тогаш не беше најавен Windows 10 X, не е познато дали можеби ќе се искористи таа прилагодена верзија од оперативниот за вакви уреди.

Иако немаме повеќе информации, сепак рано е уште, сега барем го имаме периодот кога може да се очекува претставувањето на овој лаптоп. Тоа ќе биде некаде во втората четвртина од идната година, што значи може да се очекува некаде до летото, односно почетокот на летото.

Ова ќе биде неколку месеци пред Microsoft да ги претстави нивните Surface Neo и Surface Duo уреди, па Lenovo изгледа сака порано да настапи на пазарот и да докаже дека е време за екрани кои се превиткуваат, нешто за кое Microsoft уште не се реши.

Ќе биде интересно идната година да се види кои уреди ќе успеат на пазарот подобро. Јасно е дека екран којшто се превиткува е подобар од две екрани кои се затвораат еден врз друг. Сепак, технологијата за екраните кои се превиткуваат не е уште доволно развиена, па можно е да проценката на Microsoft дека е рано за такви уреди да се покаже како точна.

ИЗВОРTechRadar
ИЗВОР 2The Register
Претходна статијаInternet+ Expo ја претставува ерата на IoT технологија во Кина
Следна статијаFleet management – како најдобро да го организирате службениот возен парк
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.