Брзиномер, екран осетлив на допир, место за поставување на вашиот телефон или таблет во автомобилот… сите овие се веќе досадни. Време е за иновација во овој поддомен во автомобилизмот.
Запознајте се со IRIS – најновиот уред кој претставува екран кој ќе ги прикажува информациите околу вашето возење и други состојби со автомобилот, а воедно се поврзува со вашиот телефон и овозможува да одговарате на повици или да го користите како навигатор. IRIS се закачува на кровот на вашиот автомобил и ги проектира информациите пред вас.
Информациите кои ги проектира се најчесто брзината со која се движите, количеството на гориво останато во резервоарот, предупредување за зона со деца (школо), предупредување ако ја пречекорувате максималната брзина на патот во таа делница. Како што спомнавме, тој дополнително работи како навигатор, со тоа што ви покажува насоки уште колку ќе пристигнете и каде треба да свртите.
IRIS исто така работи како помагало за вашиот телефон со кој се поврзува, па можете да го користите за разговарање во случај некој да ви ѕвони. Тогаш, со гестикулација на лево го прекинувате ѕвонењето (со автоматско праќање порака дека сте зафатени и дека ќе се јавите наскоро), а со гестикулација десно „кревате“ на телефонот и можете слободно да разговарате.
Создавачите на овој одличен производ вложиле многу од своите средства за да дојдат до точката на работлив и функционален уред па затоа сега бараат помош од вас за дистрибуција на IRIS преку Indiegogo кампања. Ако ја поддржите со барем 299 долари ќе се стекнете со еден ваков уред, што ќе се согласиме, не е преголема цена за вакво помагало за вашиот автомобил, особено ако поминувате многу време во него.