tech_mobile_illustration

Американската компанија Gogo, веќе нуди интернет пристап за патниците во авионите во ограничена бројка на авиокомпании. Патниците можат да изберат од неколку пакети за еднократен или месечен пристап. Брзините кои што моментално се достапни од оваа компанија се движат до максимални 9,8 Mbps, што може многу лесно да стане проблем доколку се поврзат поголемиот дел од патниците.

Од Gogo најавуваат интернет пристап со користење на сателити, со што максималната брзина на интернет пристапот достапен во авионот ќе биде до 70 Mbps. Со ваква брзина поголем број на корисници би можеле да ја користат интернет конекцијата без проблем и намалување на брзината за другите патници. Исто така патниците ќе може да почнат да користат и сервиси за стриминг на видео, како YouTube, Netflix и слични.

Технологијата ќе почне да се тестира, а истата се очекува да биде достапна за комерцијалните летови од идната година.

Во продолжение можете да погледнете две видеа на кои што е објаснета технологијата која што оваа компанија ја користи за овозможување на интернет во авионите, како и новата технологија која што ќе овозможи многу поголеми брзини.

Извор: The Verge

Претходна статијаTwitter официјално го претстави својот нов дизајн
Следна статијаПровидна хауба, нов концепт од Land Rover
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.