Производството на работи во последните неколку години зема огормен замав. Додека за некои се причина за незадоволство, сепак голема е сатисфакцијата и интересот да се има било каква роботска машина во вашиот дом.
Intel со купувањето на Jimmy, робот за забава создаден од 3D испечатени делови има за цел во блиска иднина точно ова да го направи, односно на стандардниот корисник да му понуди интересен робот кој ќе може да збори, оди, игра па дури и да твита. Со овој потег тие планираат до крајот на оваа година да започнат да продававаат комплет услуги и делови, со цел да си составите свој робот од 1.600 долари, но и подобра верзија од 16.000 долари. Основната верзија ќе содржи евтин компјутерски чип Intel Edison, а подобрата ќе биде опремена со Intel Core i5 процесор.
Хардверскиот дизајн ќе биде достапен online за секој да може да ги состави и направи основните делови користејќи 3D принтер, а деловите кои не може да се принтаат како мотор, батерии и жици ќе бидат содржани во понудениот пакет од Intel. Бидејќи е open source, корисниците ќе бидат во можност да изберат каков дизајн сакаат и да ја прилагодат својата креација, а има можност и за развивање на аплликации. Главно идејата е да може да се персонализира роботот да извршува различни функции во зависност од потребите, да пее со вас, да преведува, да ви донесе пијалок и сл.
Вчудоневидувачка е помислата дека за брзо време ќе можеме да имаме сопствен робот за само неколку долари поскап од Google Glass.