insideapp

Inside е апликација во развој од страна на Shopcloud која што користи технологија која овозможува навигација без GPS, односно во затворени простории. Нејзината намена ќе биде насочена најмногу кон трговските центри, помагајќи им на посетителите да се снајдат во тие огромни простори. Исто така апликацијата е наменета и за самите трговски центри, односно за сопствениците на продавници, преку која што може да ги испраќаат своите понуди на нивните муштерии кога се наоѓаат во близина.

Системи кои што се наменети да го следат движењето на корисниците низ трговските центри веќе се развиени и се користат. Тие обично користат дополнителен хардвер, односно не е доволна само апликацијата на мобилниот телефон, како на пример Wi-Fi или мали уреди поставени на различни локации кои работат на Bluetooth.

insideapp-2

Shopcloud Inside се разликува по тоа што за нејзино работење апликацијата не бара дополнителен хардвер. Таа работи на веќе достапните ресурси кои ги имаат мобилните телефони, како што се камерата и сензорите. Технологијата што ја користи Inside може точно да ја одреди локацијата на корисникот од 1 до 6 метри користејќи 6 начини за постигнување на истото. Моментално компанијата делумно ги има претставено само 2 од овие 6 начини. Поточно за функционирање на апликацијата прво што треба е поставање на план од трговскиот центар, нешто што треба да биде испратено од сопствениците. Со дополнително мерење од страна на екипа, се овозможува достапноста на локацијата во апликацијата. Потоа преку користење на камерата на мобилниот телефон, истата препознава одредени делови од трговскиот преку кои што ја одредува позицијата на корисникот. Дополнително преку користење на акцелерометарот, жироскопот и слични сензори, апликацијата го следи движењето на корисникот. Поради специфичноста на движењата на секој човек, апликацијата го учи движењето на нејзиниот корисник со тек на време, со што ја зголемува прецизноста на лоцирањето. Апликацијата се што и е потребно е интернет конекција при влегувањето во трговскиот центар, по што може да се користи и без конекцијата.

 

Претходна статијаMicrosoft ќе користи податоци од Foursquare во нивните производи
Следна статијаRed Star Linux – оперативен систем кој се користи во Северна Кореа
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.