Квантните компјутери се се’ уште во развој и може да се каже дека има уште доста време додека станат стандардот, барем во научниот свет, односно додека ги заменат моменталните супер компјутери.

Овие компјутери, односно супер компјутерите, а понатаму и квантните компјутери, се користат за пресметки на податоци кои се огромни на број, односно решавањето на проблемот подразбира огромен број на различни податоци.

IBM на CES 2019 го претстави својот прв, но и може да се каже во светот првиот, квантен компјутер кој е наменет да биде достапен комерцијално.

IBM Q System One е дизајниран да ги решава дневните проблеми кои моментално се многу сложени и експоненцијални по природа за да можат да се решат со класичните системи – истакнуваат од IBM. Идната примена на квантните компјутери може да вклучува изнаоѓање на нови начини за моделирање на финансиски податоци и изолирање на клучни глобални ризични фактори за правење на подобри инвестиции…

Овој систем од IBM е модуларен, што значи дека може да се прилагодува на потребите на клиентите, а може и да се надоградува со тек на време.

Од IBM исто така големо значење имаат дадено на дизајнот на овој компјутер, па како што гледате од сликата, тој дефинитивно изгледа соодветно футуристички како што е технологијата во него.

Повеќе детали за IBM Q System One можете да прочитате на официјалната страна од IBM на овој линк.

ИЗВОРTechCrunch
Претходна статијаШтандот на LG на CES 2019 е еден од најубавите
Следна статијаSamsung екрани со револуционерна модуларна Micro LED технологија
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.