Роб Лојд (најдесно) е новиот CEO на Hyperloop Technologies
Роб Лојд (најдесно) е новиот CEO на Hyperloop Technologies
Роб Лојд (најдесно) е новиот CEO на Hyperloop Technologies

Hyperloop – сонот на Елон Маск за супербрзо патување кој е на пат да се оствари, не од една туку од две групации! Имено, пред некое време пишувавме за Hyperloop Transport Technologies (HTT), здружение кое надмина 400 инженери кои работат на принцип работни часови-за-акции.

Претпоставуваме дека не сте чуле за Hyperloop Technologies. Тоа е здружение со збунувачки слично име кое исто така сака да ја претвори идејата на Маск во реалност. Сега Hyperloop Technologies (HT) за прв пат си го збогати тимот за CEO и тоа со не било кој, туку со поранешниот 20-годишен директор на Cisco (се работи за бројот на години во работа кариера во Cisco).

Овој човек е Роб Лојд и им се придружи на HT предходниот месец, започнувајќи да ги надгледува активностите во врска со Hyperloop. HT моментално работи за конструирање на 3 километарска лента за тестирање во Лос Анџелес и надгледувањето на овој проект ќе му биде првата значајна работа на господинот Лојд. Компанијата досега има вработено 50 членови на тимот, а имаат планови да го пораснат тој број значително.

usethis2.0
Работа на тест-лентата за Hyperloop

HT би сакале да ја завршат тест-лентата до 2016 или 2017 година кога би се почнало со тестови. Од друга страна HTT (другата компанија здружение) имаше намера да почне со тестови во 2018 година со сопствената тест-лента, но има и некои други индикации дека можеби ќе почне во 2016 г. во Калифорнија.

Работата околу Hyperloop се залетува и не би не` чудело ако наскоро видиме реални модели на нејзино остварување – и конечно поквалитетна иновација во доменот на транспорт.

Во меѓувреме Елон Маск се занимава со неговиот друг сон – колонизација на Марс, и разгледува како би можеле термонуклеарни оружја да се искористат за побрзо остварување на оваа мисија.

Извор: The Verge, Forbes

Претходна статијаRestricta е апарат што нема да ви дозволи да го фотографирате она што сите го фотографираат!
Следна статијаПолицијата на ЛА ќе изнајми 160 електрични возила за тестирање