HyperLoop_Concept_Nature_02_transparent_copyright__c__2014_omegabyte3d.0-640x426

За потсетување, Hyperloop е наречен системот за превоз кој како концепт го разви Елон Маск и го стави на располагање на заинтересираните компании да го направат реалност. Веќе две компании работат на развој на овој систем, а едната од нив, Hyperloop One, веќе привлекува внимание со направените тестови, но и најновата вест.

Она што го прави Hyperloop привлечен е што треба да овозможи огромни брзини на движење, над 1.000 км/ч. Сето ова би било возможно поради начинот на којшто е замислен овој вид на превоз.

На кратко, се работи за „возови“ во форма на капсули кои треба да се движат преку маглеф технологијата, во цевки во кои е скоро истиснат воздухот. Токму овие две карактеристики треба да ги овозможат големите брзини.

Hyperloop One објави студија преку која и бараат финансии за изградба на првата ваква линија, помеѓу Хелсинки и Стокхолм. Сумата којашто тие сметаат дека ќе биде потреба изнесува скоро 20 милијарди евра, а од компанијата истакнуваат дека инвестицијата би почнала да се исплати за 10 години, поради зголемувањето на вредноста на земјиштето во околина, како и од продажбата на картите.

Во студијата тие истакнуваат дека патувањето помеѓу овие два града би било скратено на 28 минути, нешто што сега најбрзо може да се направи за неколку часа со авион. Луѓето коишто имаат почеста потреба од патување помеѓу овие два града, би добиле многу повеќе време на располагање за извршување на работата за којашто и тргнале, со што и ова се истакнува како уште една причина за исплатливоста на проектот.

Инаку, во студијата се истакнува дека изградбата би била завршена за 12 години, а голем дел од рутата ќе треба да поминува под Балтичкото море.

Извор: The Verge

Претходна статијаFacebook започна со тестирање на енкриптирани пораки во Messenger
Следна статијаSpector е мал уред кој ги препознава фонтовите и боите за користење на компјутер
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.