Harley-Davidson познатиот производител на мотоцикли за кои што не е потребно претставување, се реши да претстави модел кој што може слободно да се каже дека излегува од нивните стандардни модели. Се работи за Project LiveWire кој што е нивниот прв електричен мотоцикл. Една од главните препознатливи карактеристики на нивните мотоцикли е специфичниот звук на моторот, па електричниот модел дефинитивно претставува нешто различно за компанијата. Од таму изјавуваат дека и новиот звук ќе биде нешто интересно, а возачкото искуство ќе остане исто.
Во оваа фаза не се објавени информации околу карактеристиките на мотоциклот, освен слики на кои што може да се види неговиот дизајн. Од идната недела планирана е тура низ Америка на која што заинтересираните ќе може да го тестираат моделот, со што од компанијата ќе добијат претстава за реакцијата на корисниците. Тура е планирана и за Европа и Канада, меѓутоа истата ќе се одржи дури идната година.
Електричниот мотоцикл нема да биде за продажба, односно ќе поминат неколку години на тестирање, како на моторот, така и на спремноста на пазарот за ваков модел. Реакцијата на луѓето и нивната спремност да купат ваков мотоцикл директно ќе влијае на одлуката тој да биде пуштен во продажба.
Извор: Harley-Davidson, Cnet