70dc0614e4e2dc3194475e1b40cf15b2_large

Grippity претставува концепт кој што е претставен на Kickstarter и е во фаза на прибирање на средства од која што успешност ќе зависи и неговата комерцијализација. Се работи за таблет компјутер кој што претставува нешто што би требало да се развива во иднина и сега за сега не би требало да биде масовно користено, барем не во оваа почетна форма.

Она што е иновативно и интересно кај овој таблет и го прави различен од другите, а во исто време го покажува концептот на иднината е неговиот екран. Поточно доаѓа со екран на допир со capacitive технологија кој што е транспарентен, односно проѕирен и на истиот може да се притиска покрај на стандардно предната страна исто така и на задната страна. Поради multi touch можноста на екранот, притискањето може да се прави со сите прсти. Уредот има различен дизајн и додатни функции и намена, па воопшто не треба да се споредува со популарните таблет компјутери.

Екранот не се наоѓа на целиот уред, односно на горниот дел се наоѓаат две поголеми копчиња, наменети за користење со палците, на пример, како контролори за игри. Формата и дебелината на уредот се специјално направени за природно држење на истиот, односно уредот е ергономски направен за најдобро можно држење. Наменет е за удобно користење во повеќе позиции, па покрај стандардната, овој уред треба да е многу полесен за користење во лежечка позиција, како и при стоење. Можноста за притискање на екранот од задната страна овозможува користење на уредот без притоа да ги покривате работите што сакате да ги притиснете, нешто што е корисно посебно за луѓето со подебели прсти.

c01917f0f76b3e34ff8a12ea6eca2c37_large

Екранот е направен на тој начин што е отстранет нетранспарентниот дел од екранот кој што служи за распределување на светлината низ целиот екран. Поради тоа екранот е по темен, но како што кажуваат развивачите на концептот, сепак добивате проѕирен екран.

4668196544f9c00b68fcb0888cd4c105_large

Grippity е производ инспириран од претходен производ со истата технологија, кој што ја имал само функцијата на тастатура. Човекот што доаѓа до идејата за двостран екран, седејќи цел ден пред компјутерот пробал да ја користи тастатурата во полегната положба, па заклучил дека иако за неговото тело тоа е одлично, сепак рацете биле во многу неприродна позиција.

Претходна статијаYotaPhone доби подобрена e-book подршка за задниот e-ink екран
Следна статијаFacebook за Windows 8.1 доби голема надградба
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.