Glyph е уред кој на прв поглед изгледа како обични слушалки од повисоката класа. Тој сепак претставува многу повеќе од тоа и вклучува многу интересна технологија. Поточно, овој уред покрај слушалките, има вградено систем за проектирање на слика и видео директно во вашите очи, кој што тоа го прави без користење на било каков екран. Оваа технологија е наречена Virtual Retina Display или Виртуелен Ретина Екран.
Како што објаснува ко-основачот на проектот, кога луѓето гледаат подолго време во екран, без разлика дали се работи за монитор, телевизор, мобилен телефон или таблет компјутер, очите после само час или два се заморуваат. Реакцијата на луѓето во таква ситуација е да ги одморат очите гледајќи на друга страна, на пример низ прозорот. Предметите што емитуваат светлина полесно и побрзо го заморуваат окото, па често предизвикуваат и главоболки. Тоа не е случајот со предметите кои што само ја одбиваат светлината, како што се предметите кои ги гледаме кога гледаме низ прозорот.
VRT екранот ја искористува оваа ситуација проектирајќи ја сликата директно во окото, наместо покажувајќи ја на мал екран како што другите слични уреди го прават тоа (Google Glass, Oculus Rift). VRT работи користејќи LED сијаличка со ниско ниво на светлина, која што ја емитува на милион микро огледала, кои што потоа ја одбиваат светлината директно во ретината од окото. Овој начин на проектирање на сликата овозможува висок квалитет на сликата каква што, како што кажуваат од Glyph, не сте виделе до сега.
[showcase id=”3875″]
https://www.youtube.com/watch?v=ANivDWP2pQU
Glyph се поврзува со било кој уред преку HDMI/HMI кабел, па може да се гледа содржина од сите уреди кои моментално се користат. Може да гледате филмови, да играте игри, да ја следите вашата веб содржина и многу повеќе.
Во тимот на Glyph се вклучени и ауди инженери што покажува дека уредот не е само наменет за гледање на видео содржина. Слушалките се со висок квалитет на репродукција на аудио материјали и основачите тврдат дека може да се носат со било кои познати модели на слушалки од високата класа.
Glyph проектот е претставен на Kickstarter каде што за само 4 часа успеа да ги собере потребните 250.000 долари поставени како цел. Тој се продава за 499 долари и подржувачите на проектот ќе добијат целосно функционален прототип.
http://www.youtube.com/watch?v=Mqpiiajav14&list=PLSGZV5bEazHP-RG9lRgSgwOfgVaMh8eJM