Converted_file_66f7ca5c

Можеби ви текнува на статијата за Wendelstein 7-X, германскиот фузиски реактор кој беше изграден оваа година со цел да го испитува новиот тип на реактор наречен стеларатор. Така се вика бидејќи има задача да создаде и задржи плазма која достигнува температури слични на тие во јадрото на Сонцето и други ѕвезди (оттаму, stellarator).

Германците какви што ги знаеме сигурно нема да изградат една ваква интересна играчка без да ја испробаат дали работи. Затоа ве известуваме дека резултатот од таа „проба“ е успешен – стелараторот функционира како што е очекувано и со своите суперсилни електромагнети е способен да ја задржи плазмата која инаку би ги пробушила околните згради и луѓето на патот, на далечина можеби од километри.

i00mtCo_converted
Првата плазма која беше задржана во левитација во Wendelstein 7-X

Плазмата која се создава внатре има температура од околу 15 милиони целзиусови степени. Со доведување до оваа температура се зголемува енергијата на водородните и хелиумовите атоми кои заради тоа можат да се спојат во посложените елементи, хелиум, литиум и берилиум. При тоа ослободуваат огромно количество енергија кое ја помага следната реакција во веригата и така доведува до енергетска оддржливост.

Ова теоретски би требало да придонесе за создавање на прилично евтина и еколошка енергија, бидејќи само еден грам гориво ќе биде доволен за создавање на 90 илјади киловат часови енергија. Ќе се согласите дека тоа е огромно количество на енергија од само еден грам.

Фузиските реактори се сонот на многу научници кои за нив пишуваат со децении, но досега немаа завидни резултати во пробните варијанти и концепти. Оттаму, одлични се вестите за тоа дека можно е германците со Wendelstein 7-X да се на патеката за создавање на функционален фузиски реактор кој ќе го засити човештвото со енергија.

Извор: IFLScience, Germerica

Претходна статијаМожно претставување на трет OnePlus модел со уште помал екран
Следна статијаMicrosoft досега прими 3.000 апликации за HoloLens во специјален натпревар