Компанијата Neptune Energy објави дека има откриено 43 милиони тони на еквивалент на Литиум карбонат, унифицирана мерка за тоа колку од металот може реално да се смета како количина која може да се искористи.
Со ова Германија сериозно влегува на светскиот пазар за овој популарен метал кој најмногу е познат по користењето кај батериите, а во денешно време тоа е доста важно и поради големата популарност на електричните автомобили.
Очекувањата се дека Германија, а со тоа и Европа, ќе станат доста помалку зависни од други земји за купување на литиум, па наводно може да се очекуваат доста големи промени во позицијата на Европа.
Литиумот е пронајден во Алтмарк регионот кој е во Саксонија-Анхалт покраината. Во овој регион веќе одамна се работи со пронаоѓалишта на природен гас.
Откритието е направено во август оваа година, а треба да започне и извлекувањето на литиумот, нешто што сигурно ќе предизвика негативни реакции од еколошките здруженија.
Ќе биде интересно да се следи какви промени потенцијално ќе донесе ова на светскиот пазар во периодот што следи.