whereisroadster
Media: SpaceX

Гордоста на SpaceX програмата, Falcon Heavy ракетата завчера го оствари историското полетување од Кејп Канаверал во Флорида. Таа се упати во орбита околу земјата, а зад себе остави облак медиумска прашина и многу емоции поради историскиот подвиг кој го направи.

Првиот официјален лет на „Големата“ ракета на SpaceX беше несомнено успех. Покрај скептицизмот кој постоеше во врска со враќањето на моторите безбедно на земјата. Ракетата полета и се декомпонираше во текот на летот според однапред осмислената динамика. Декомпонираните делови еден по еден се враќаа на земјата неоштетени, баш онака како што беше испланирано. Единствен пропуст беше неуспехот да се „слета“ средниот booster, меѓутоа тоа не го засени целиот подвиг.

Како и да е, Falcon Heavy го заслужи епитетот најмоќна ракета на денешницата. Со своите 27  мотори, кои креираат потисок од преку 2 милиони килограми при полетување, таа е апсолутно без конкуренција. Овој успех допрва ќе ги отвори вратите за нови подвизи и остварувања на SpaceX програмата. Со ова се докажаа големите можности со кои човештвото располага, кои се речиси двојно поголеми од она што претходно беше замисливо.

Во секој случај, уште еден одличен маркетиншки театар на генијалецот Маск. Да не заборавиме да споменеме дека ракетата во орбита понесе и модел од автомобилот Roadster произведен од Tesla… Без особена причина, чисто поради престиж.

ИЗВОРThe Verge
ИЗВОР 2ArsTechnica
Претходна статијаMercedes и Bosch наскоро ќе тестираат автономни такси возила
Следна статијаSamsung ќе ја ребрендира Galaxy S серијата?