dragon-2-hover

Во ноември минатата година, SpaceX има направено тест лебдење на својата Dragon 2 капсула коешто траело 5 секунди. Снимката од ова тестирање оваа недела е објавена во јавноста, па може да добиеме претстава што уште спремаат од оваа компанија.

Dragon 2 е капсула наменета за превезување на екипаж во вселената. Како што е напорот изминатиот период леталата сигурно да се вратат на земјата за повторно да можат да се искористат, во случајот со летала наменети за екипаж, тоа не е избор.

Овие летала обично слетуваат со помош на падобранци, а по примерот на Falcon 9 ракетата, SpaceX сакаат и делот наменет за екипаж да слета со помош на ракетни мотори.

Тестот којшто е направен успешно постигнува до 15.000 килограми потисок во период од 5 секунди. Овој начин на слетување треба да овозможи забавување на леталото при слетување, наместо падобранците. Со тоа леталото ќе може исто како и ракетата, да слета на точно одредена локација, а и целиот процес треба да е поудобен.

За слетување на леталото, односно постигнување на саканиот потисок, се користат 8 мотори наречени SuperDraco.

Извор: Engadget, TechRadar

Претходна статијаGoogle ќе овозможи инсталирање на Android апликации директно од резултатите од пребарување
Следна статијаBlue Origin повторно направија успешно вертикално слетување со истата ракета
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.